fbpx

Дали имате прашања?

Сите информации за нашите услуги и одговори на најчесто поставуваните прашања.

За да користите TeleDoc потребен ви е паметен телефон со iOS или Android оперативен систем како и апликацијата „MyTeleDoc“ и активно членство на TeleDoc.

Да, целиот процес на регистрирање е завршен во апликацијата TeleDoc, само притиснете на „Јас немам корисничка сметка“ и пополнете.

Можете да ја ресетирате или да ја промените лозинката во секое време со помош на вашата е-пошта.

TeleDoc нуди општа медицинска грижа за возрасни и деца, вклучувајќи рецепти, мислење од специјалист и вакцинирање.

Можете да зборувате со доктор секогаш кога ќе посакате.

Траењето на консултациите не е ограничено со време бидејќи за нас се најважни точните дијагнози и добриот совет.

Нашето стандардно членство се однесува на регистрираната личност и главно може да се користи само од неа и за неа. Сепак, постои исклучок за деца до шест години.

Поради донесувањето на „Законот за Корона“, моментално можеме да издаваме рецепти само онлајн.

Рецептот го добивате директно на „MyTeleDoc“ апликацијата.

За жал, TeleDoc моментално не може да издава упати, Сепак, наскоро оваа можност ќе биде достапна.

TeleDoc работи во странство исто како што работи и дома, меѓутоа важно е да имате стабилно интернет поврзување (3G, 4G, 5G).

Предупредување: Може да дојде до дополнителни трошоци за роаминг.

Да, можете да регистрирате друго лице. Едноставно внесете ги податоците за лицето кога ја пополнувате пријавата.

По правило, на апликацијата треба да чекате помалку од една минута. Доколку треба да почекате подолго, ќе бидете известени.

Доколку сте регистрирани, автоматски ќе бидете поврзани со доктор за неколку секунди.

Главно тие се општи доктори или доктори специјалисти. Во иднина ќе постои можноста да закажете целни консултации за одредени области на специјалистите.

Бидејќи во TeleDoc работи тим од доктори, веројатно е да бидете поврзани со различен доктор. Сепак, имаме внатрешено медицинско досије, така што секој доктор има пристап до вашиот извештај секогаш кога ќе се јавите.

Докторите потекнуваат од државата што сте ја одбрале при регистрирањето, регистрирани се во Докторската комора и имаат неколку години искуство како општи доктори.

Поради заштита на податоци, докторот одлучува дали ќе ви го каже името или не. Сепак, најчесто тоа не претставувало проблем.

Бидејќи нашиот систем ве праќа кај докторот кој е достапен, не постои гаранција гаранција дека ќе разговарате повторно со истиот доктор.

Со котизацијата за членство ги плаќате сите консултации со општите доктори.

Нашето стандардно членство изнесува само ХХ месечно.

Не, нашите услуги се засновани на модел на котизација. Со нашето стандардно членство од € ХХ месечно, имате достапен доктор со кој можете да комуницирате преку видео повик во секое време.

Нашето членство почнува со € ХХ месечно и се плаќа секој месец.

На TeleDoc најкраткиот период на траење на договор е 1 година. Можете да го прекинете договорот во секое време, а со тоа договорот автоматски ќе заврши со крајот на периодот од вашата последна уплата.

TeleDoc врши наплата преку вообичаените методи: MasterCard, Visa, American Express, PayPal, ApplePay итн.

Моментално во повеќето земји TeleDoc не го одбива данокот, но за најнови вести  во врска со тоа следете ги локалните закони.

Можете да се најавите на нашиот вебсајт со вашето корисничко име и лозинка и да го прекинете членството во одделот за подесување на корисничката сметка.

Со котизацијата плаќате за сите услуги на TeleDoc вклучени во членството. Котизацијата не вклучува трошоци кои што произлегуваат од понатамошни испитувања, трошоци за лекување, трошоците за рецептите или други трошоци од вашиот провајдер на мобилниот телефон.

Во апликацијата можете многу лесно да ги средувате вашите информации за контакт.

За да користите TeleDoc не ви е потребно осигурување за јавно здравје.

TeleDoc не е здравствен осигурител. Ние сме друштво за медицина преку телефон кое што ги нуди своите услуги на здравствени осигурители, но не може да ги замени истите.

Моментално осигурителите за јавно здравје не покриваат никакви трошоци но, законите се менуваат а ние ќе ве известиме за секакви локални промени.

Трошоците можат да бидат покриени од избрани здравствени осигурители. За повеќе информации контактирајте го вашиот здравствен осигурител.

TeleDoc е достапен за сите, без разлика дали имате или немате здравствено осигурување.

За да се консултирате со доктор, не ви е потребен број на здравствена легитимација. Но, потребен е во случај да треба да ви издадеме рецепт.

Кај нас вашите податоци се безбедни бидејќи нашиот систем ги кодира вашите податоци а видеото се пренесува така што само вие и докторот имате пристап до него. Повеќе информации можете да најдете на страната за Заштита и безбедност на податоци.

TeleDoc има внатрешно медицинско досије, до кое има пристап само докторот кој што ве лекува.

Вашиот медицински извештај можете да го најдете на апликацијата „MyTeleDoc“. Во меѓувреме, за повеќе прашања контактирајте не на office@teledoc-austria.com

Поради правни причини, звукот од вашите консултации се снима и е зачуван одредено време.

За да ги користите услугите на TeleDoc потребен ви е паметен телефон со iOS или Android оперативен систем, како и апликацијата „MyTeleDoc“ со активно членство на TeleDoc.

Доколку докторот не може да ве види или слушне, проверете дали ви се вклучени камерата и микрофонот, и проверете дали сте и одобриле на апликацијата да има пристап до истите.

Да, можете да бидете најавени на апликацијата од најмногу два уреди истовремено.

Не најдовте одговор на вашите прашања? Пишете ни!